Метео аларм за Македонија: Ќе дува силен ветер

Денеска се очекува умерен до засилен ветер од јужен правец, со поинтензивни удари што на одредени локации ќе надминат брзина од 60 km/h.

Ветерот може да предизвика нарушувања во сообраќајот и потенцијални штети, затоа се препорачува внимателност, особено за возачите и пешаците.

До сабота ќе се задржи топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над 20 степени.

Денеска и во среда попладне, во текот на ноќта и во четврток претпладне ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок и сабота, а во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Пронајдете не на следниве мрежи: