Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (над 25 l/m²). Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 70 km/h), особено долж Повардарието.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.




