Станува збор за стар рецепт каков што правеле нашите баби, кој е објавен во „Книга за секоја жена“, издадена во Загреб, далечната 1952 година.
Во овој старински рецепт се додава многу мед, но можете да го замените со шеќер. Мешаниот мармалад е одличен на палачинки, но и на парче леб на кое најпрво сте намачкале малку путер.
Потребни намирници за мармаладот од нашите баби
2кг боровинки
¼ кг јаболка
¼ кг круши
¼ кг зрели тикви (излупени, исечени на мали парчиња)
2 и ¼ багремов мед
Цимет и каранфилче
Постапка
Боровинките се ставаат во цедалка и три пати се прелеваат со топла вода. Потоа се варат со останатите состојки додека сè не омекне. Потоа кашата се пасира и повторно се готви на тивок оган додека не се добие саканата текстура.
Истурете го мармаладот во тегли, поклопете и пастеризирајте.