четврток, 12 ноември 2026
Најново

Меѓународен ревизор ќе следи каде ќе заврши секој денар од донациите за повредените во Кочани!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Црвениот крст продолжува со напорите да остане доверлив и транспарентен партнер во управувањето со донациите за настраданите. Претседателот на организацијата, Саити, истакна дека досега се собрани над 158 милиони денари, што е околу 2,6 милиони евра – рекордни средства кои Црвениот крст никогаш претходно не ги мобилизирал.

„Интересот за донации веќе се намалува, но сметките на Црвениот крст остануваат отворени до крајот на месецот. Ќе се обидеме средствата да ги пренасочиме таму каде што се најпотребни“, рече Саити.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според него, досегашната распределба била линеарна, односно сите добиле подеднакво. Но, преостанатите 49 милиони денари ќе бидат распределени по нов модел – согласно анализите на работната група и реалните потреби на пациентите.

„Не сите настрадани имаат исти повреди, исти прогнози или исти потреби. Затоа одлучивме да чекаме финален извештај и врз основа на тоа веднаш ќе се исплатат средствата. Целта е парите да стигнат до оние на кои навистина им се најпотребни“, објасни Саити.

За дополнителна транспарентност, ангажирана е и меѓународна ревизорска куќа, која ќе изврши преглед на целокупното работење со донациите од 17 март па сè до крајот на јуни. Саити нагласи дека овој процес ќе придонесе за довербата која граѓаните ѝ ја даваат на организацијата. Црвениот крст апелира до граѓаните и понатаму да покажуваат солидарност, додека организацијата се обврзува дека секој денар ќе биде потрошен одговорно и со јасна намена.

Поврзани вести