МЗТ и Работнички со максимален ефект во Суперлигата

Кошаркарите на МЗТ и Работнички и по третото коло во Супер лигата го задржаа максималниот ефект, откако забележаа победи над Лирија односно Фени индустри.Актуелниот првак МЗТја победи Лирија со 93:85, Огнен Стојановски со 23 и Дејвис со 14 поени ги предводеа аеродромци до победата, кај Лирија се истакна Радуновиќ со 23 поени.Тандемот Зивчевиќ-Абукар беше најзаслужен за победата на Работнички во Кавадарци против Фени индустри со 81:73. Зивчевиќ постигна 20, а Абукар помалку за третата победа на Работнички во Суперлигата.Репрезентативецот Соколов за Фени реализира 17 поени. Екипата на Кожув ја забележа првата победа во Суперлигата откако победи во Куманово со 91:79.Четвртото коло на програмата е во сабота, а главен настан ќе биде дербито помеѓу Работнички и МЗТ, на другите две средби Лирија ќе го пречека Куманово, а Кожув ќе му биде домаќин на Фени индустри.
МакфаксКошаркарите на МЗТ и Работнички и по третото коло во Супер лигата го задржаа максималниот ефект, откако забележаа побе

Пронајдете не на следниве мрежи: