Мигранти брутално силувале Гркинка, а момчето морало да гледа

Ужасниот настан се случил во октомври 2016 година на настан организиран во името на солидарноста со бегалците. Сега пред судот 23-годишната Гркинка и нејзиното момче морале повторно ги преживуваат сцените од нападот од мигранти.
Откако го претепале и го врзале нејзиното момче девојката била групно силувана од тројца бегалци од Алжир и Сирија, а момчето морало сето тоа да го гледа.
Тие одлучиле да го посетат настанот организиран на Универзитетот во Солун, за да искаже солидарност со бегалците. Во текот на хуманитарната забава, студентката и нејзиното момче поминувале низ дворот на Универзитетот, кога одеднаш ги нападнале тројца мигранти и ги врзале.
Бегалците ја присилиле жената на орален секс под закана дека ќе ја убијат заедно со нејзиното момче и потоа ги ограбиле. Се се случувало додека настанот за солидарноста со бегалците во организација на студентските групи и политички невладините организации и понатаму траел на само неколку метри од сцената на бруталниот злочин.
Грчката полиција успеала да ги уапси тројцата мигранти, а во станот во кој живееле пронашла дрога, 5.500 евра и украден накит. Минатата седмица судот во Солун осуди двајца од мигрантите, додека на третиот напаѓач (19) ќе му се суди како на малолетник.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.