Мигранти пробиле полициски кордон и тргнале кон Хрватска

Драма се случила ноќеска на границата на Босна и Херцеговина. Околу 150 мигранти го пробиле полицискиот кордон на граничниот премин Велика Кладуша-Маљевац во Босна и Херцеговина и се упатиле кон хрватските гранични полицајци, чие присуство е зголемено. Во групата бегалци има и повредени, а сообраќајот во двата правци е прекинат, објави сараевски „Дневни аваз“.
Бегалците не сакаат да останат во БиХ.
– Тука нѐ држат и се наоѓаме во исклучително лоша ситуација. Ова не ни се допаѓа, ние сме бегалци, немаме своја земја. Сакаме да ја напуштиме оваа земја, ги сакаме нашите животи. И ние сме човечки суштества. Нѐ третираат многу лошо, не сакаме да останеме тука – вели еден од мигрантите. Ситуацијата на границата е тензична, а мостот затворен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.