Мигрант силувал 18-годишна девојка

23-годишен пакистански мигрант е уапсен откако бил осомничен дека силувал 18-годишна девојка од Бихаќ, БиХ. Злосторникот ќе биде предаден на Обвинителството. Според повредите кои ги имала на главата утврдено е дека жртвата без своја согласност имала сексуален однос.
Девојката вчера заедно со својата сестра го пријавила случајот во полиција. Притоа изјавила дека пред неколку дена во Бихаќ запознала двајца мигранти кои ја одвеле до непознат станбен објект. Едниот од нив прво физички ја нападнал, од што се здобила со повреди на главата, а потоа ја силувал.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.