МИГРАНТ (27) ИЗБОДЕ ДЕВОЈКА ВО СТОМАК, ДРУГА ВО ГРАДИТЕ: Детали за грозоморниот напад во Германија, за една НЕМАШЕ СПАС (ФОТО)

Е.С.(14) загина, а Н.М.(13) е тешко повреденa кога вчера, во раните утрински часови, додека девојчињата патувале на училиште во Илеркирхберг, Германија, биле избодени со нож од мигрант.

Девојките околу 7 часот и 30 минути пешачеле до автобуската постојка кога од куќата истрчал државјанин на Еритреја, барател на азил во Германија и ги нападнал со нож.

МИГРАНТ (27) ИЗБОДЕ ДЕВОЈКА ВО СТОМАК, ДРУГА ВО ГРАДИТЕ: Детали за грозоморниот напад во Германија, за една НЕМАШЕ СПАС (ФОТО)

Како што јавуваат германските медиуми, мигрантот и забил нож во стомакот на постара девојка, а потоа нож во градите и забил Н.М. После тоа побегнал во зградата во која престојуваат азилантите. Полицијата набрзо пристигнала на местото на настанот и ја опколила зградата, по што осомничениот за нападот бил уапсен.

Медиумите јавуваат дека се работи за млад човек (27).

Девојките биле пренесени во болница, но Е.С не можела да се спаси и набрзо им подлегнала на повредите.

Еден од сведоците на бруталното злосторство рекол дека слушнал расправија на семафорите.

“Го погледнав и го видов детето како лежи на земја. Од стомакот бликаше крв. Другата ја држеше за крвави гради, девојката беше во целосен шок”, изјавил очевидец за Билд.

Засега не е познат мотивот за нападот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.