Мигрнати завршиле во болница заради вознемирување Русинки

Кусо време им требало на група мигранти од Блискиот Исток за да сфатат дека не се наоѓаат во Германија туку во Русија. Имено, тие излегле да се забавуваат во еден популарен клуб во местото Мурманск на северот на Русија, во близина на норвешката граница и веројатно по некоја испиена чашка почнале да вознемируваат неколку млади Русинки кои биле во истиот клуб.
Иако од полицијата даваат само штури информации социјалните мрежи се преплавини од реакции и коментари за немилиот настан. Руските мажи се разликуваат од оние во Европа, но се разликува и полицијата.
Проблемот настанал откако Норвешка истерала 50 мажи од Блискиот Исток заради “лошо однесување“ и “од земјата во која тече мед и млеко“ ги вратила во Русија, низ која претходно поминале на пат за Норвешка. Откако стигнале таму тие отишле да се забавуваат во локалната дискотека и заборавајќи каде се наоѓаат почнале да ги напаѓаат младите Русинки кои исто така биле во дискотеката. На тоа реагирале неколку руски момчиња. Откако виделе во што се впуштиле мигрантите се обиделе да избегаат, но Русите ги пронашле и им одржале лекција. Набрзо пристигнале и голем број полицајци инаку случајот можел да заврши и трагично.
Сепак, тоа не им помогнало многу на миграните. Полицајците кои пристигнале на местото на настанот не биле нешто многу потолерантни на нивното однесување. Иако ги спречиле локалните Руси да не ги линчуваат напасниците и тие самите тивко се придружиле на оваа “едукација“.
Добродојдовте во Русија. Воодушевени сме што имаме посетители, но не смеете да заборавите – вие сте овде гости, им порачал еден од учесниците во инцидентот.
Како краен епилог на тој инцидент 18 мажи завршиле во болница, а 33 во притвор.

 

 

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.