недела, 29 ноември 2026
Најново

Мидлтон ептен го згреши фустанот за кралската свадба

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дамите кои присустуваа на венчавката на Меган и принцот Хари најчесто беа облечени во многу интересни креации со едноставен крој, но со живи бои.
Пипа Мидлтон, сестрата на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, одбра фустан во две пастелни бои, со цветен дезен и предизвика бура од коментари.
За многумина, фустанот кој таа го носеше на венчавката многу потсетувал на амбалажа на еден популарен американски пијалок со вкус на зелен чај, од брендот „Аризона“.
Лименката со чајот е исто така во пастелна боја, а дезен е многу сличен со оној на фустанот на Пипа.

Поврзани вести