Миењето на лицето со солена вода е во тренд, но дали е тоа добра идеја?

Кога ќе помислите на солена вода, вашата прва асоцијација е веројатно лежењето на плажа и веселењето во морето. Но, благодарение на социјалната мрежа „ТикТок“, солената вода стана популарна заради нега и убавина.

Имено, на оваа мрежа корисниците наведуваат дека миењето со солена вода е добро за отстранување на акните и намалување на црвенилото на кожата.
Во повеќето случаи, мешаат обична топла вода од чешма, која ја истураат во шише со распрскувач и додаваат обична кујнска или морска сол. Потоа ја нанесуваат смесата на лицето и ја оставаат да се исуши, а потоа го мијат лицето со обична вода.

Дерматолозите, се разбира, го дадоа својот збор за овој тренд. Од една страна, предупредуваат дека солта може да ја исуши кожата и да ја загрози нејзината бариера, а од друга, не оспоруваат дека солената вода би можела да биде корисна за отстранување на вишокот маснотии или за ублажување на промените предизвикани од псоријаза.
Д-р Мариса Гарсик, дерматолог од Њујорк, за „Byride“ вели дека миењето со солена вода може да помогне да се намали вишокот маснотии и дека тоа би било корисно за луѓето со мрсна кожа.

Миењето на лицето со солена вода е во тренд, но дали е тоа добра идеја?

– Солената вода може да делува како механички пилинг и да придонесе кожата да биде посветла и помазна – вели д-р Гаршик.
Но, таа предупредува дека користењето солена вода може да предизвика иритација кај луѓето со почувствителна или сува кожа.

Д-р Горана Исаиловиќ, специјалист по дерматовенерологија вели дека никогаш не би го пробала ефектот од комбинацијата на топла вода од чешма и сол на себе.
– Кој сака да проба нека го направи, но јас никогаш не би го направила и не би го ни препорачала – категорична е д-р Исаиловиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.