четврток, 12 ноември 2026
Најново

Миле Јанакиески осуден на две години условно за кинеските автобуси

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Не е јасно како може за оштетување на буџетот и штета од 5 милиони евра да се добие условна казна. Заклучок е дека ако си признаеш НЕМАШ ГАЈЛЕ!!

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Миле Јанакиески

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска беше осуден на условна казна затвор за кинеските автобуси.

Условната казна затвор од две години, освен Јанакиески, добија и уште две обвинети кои биле членови на комисијата за јавни набавки, а ваквата пресуда следеше откако претходно тие своеволно признаа вина за случајот „Дизајн“, кој е поврзан со набавката на 202 двокатни кинески автобуси.

Како што соопшти Кривичниот суд, условната пресуда од две години затвор нема да се реализира доколку тројцата обвинети во следните 5 години не сторат ново кривично дело.

Случајот се однесува за фаворизирање на кинеска фирма за набавка на двокатни автобуси, при што според обвинението државниот буџет бил оштетен за нешто помалку од 5 милиони евра.

Поврзани вести