Џеф Безос и неговата поубава половина Лорен Санчез ги красеа насловните страници на познатиот магазин, но секако не очекуваа ваква реакција.
Третиот најбогат човек на светот Џеф Безос и неговата поубава половина – новинарката Лорен Санчез ја красеа насловната страница на декемвриското издание на магазинот „Вог“.
- АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД СЕДУМТЕ УСЛОВИ НА ИРАН – ТАЈНА ПОСЕТА НА ИРАЧКИОТ ПРЕМИЕР ВО ТЕХЕРАН
- Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед
- Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот од Абу Даби би можел да отвори нова дипломатска врата за Украина
- Сметката на компанијата на Јелена Карлеуша блокирана поради долг од околу 7000 евра
- Ова се 10 знаци кои покажуваат дека сте целосно будни
Целата кампања беше направена во стилот на вестерн филмовите, а целта на декемвриското издание е да ја претстави животната приказна на Безос, која имаше големо влијание врз создавањето на компанијата „Амазон “.
Во животот имал голема поддршка од неговата убава новинарка која, како што изјави за „Вог“, е совршен партнер за него.
„Лорен има неверојатен ентузијазам и разбирање за другите луѓе. Таа гледа нешто што другите луѓе не го гледаат…“, вели Безос за својата сакана.
Сепак…
Коментарите на многу следбеници на познатиот магазин на Инстаграм покажаа сосема поинаква реалност. И додека уредниците на „Вог“ пишуваат пофалби за третиот најбогат човек на светот, корисниците на Инстаграм се безмилосни во коментарите под објавата.
„Посакувам оваа фотографија да биде отстранета“, „Никогаш не сум бил повеќе засрамен од слика“, „Смешна фотографија, Ноќта на вештерките заврши“, „Ова е најморничавата објава, го прекинувам „Вог“.
„Би сакал IG да има филтер што ќе ми овозможи да ја блокирам секоја милијардерска ПР содржина“, велат тие.






