Минибус со навивачка група од Охрид нападнат од група граѓани

Минибус со навивачка група од Охрид синоќа бил нападнат и оштетен од група граѓани на патот Прилеп-Ресен. Случајот го потврди и МВР.

-На 17.04.2026 во 23:15 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Ресен, кај крстосница Ротино и Кукуречанска крстосница, минибус „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од с.Коњско, охридско, кој превезувал навивачка група од Охрид, движеќи се по патот бил оштетен од група граѓани при што се направени оштететувања на автобусот, информира МВР.

Велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот и дека ќе бидат поднесени пријави.

Пронајдете не на следниве мрежи: