До крајот на календарската година, работодавачите ќе бидат обврзани да исплаќаат надомест за одмор.
Минималниот износ за исплата на регрес за годишен одмор, според законот, е утврден на 40% од просечната исплатена плата, а за оваа година износот во приватниот сектор е 18.141 денари, додека за јавниот сектор износот е 12.372 денари.
Според законот, работодавците мора да платат К-15 до 31 декември.
Доколку вработените не го добиваат законскиот минимум за К-15, можат да го пријават тоа во Синдикатот или во Државниот инспекторат за труд.
Регресот за одмор се исплаќа еднаш во текот на календарската година, а регресот за одмор е задолжителен за работодавачите од приватниот сектор и тие мора да им го исплатат на вработените кои работеле за нив (кај истиот работодавач) најмалку 6 месеци во текот на календарската година.
The post Минималната исплата за К-15 во приватниот сектор е 18.141 денари, додека државните административци ќе добиваат 12.372 денари appeared first on Во Центар.



