четврток, 12 ноември 2026
Најново

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА МАРТ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА ОКОЛУ 400 ДЕНАРИ И ЌЕ ИЗНЕСУВА 15 400 ДЕНАРИ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Минималната плата за март ќе се зголеми за околу 400 денари и ќе изнесува 15 400 денари.
Ваквото зголемување доаѓа како резултат на усогласувањето и порастот на просечната плата, која и покрај кризата, статистиката пресмета дека се зголемила за 8,8%, како и порастот на трошоците. Но негативниот БДП лани, не дозволува повисок раст на минималецот. А токму тоа го бараат синдикатите. Да нема работник во државата кој ќе зема плата под 16 000 денари.
Сојузот на синдикатите смета дека новото зголемување на минималецот е незначително, со оглед на тоа што во изминатиот период, работниците само за лекување поради заболување или изолација од Ковид -19 имале зголемен трошок за витамини и лекарства за најмалку 6.000 денари месечно, а тука се и зголемените цени на сите производи кои се неопходни за едно четири члено семејство.
Но власта, според најавите на министерката за труд, не ги прифаќа сугестиите на синдикалците. Ќе се придржува до законското усогласување.
Синдикатите потсетуваат и дека зголемувањето на минималната плата треба да значи и спирално зголемување на останатите плати. Потестуваат дека работодавачите треба на основната плата да пресметуваат и минат труд, работи во смени, прекувремено, како иработење за празник.
Просечната плата во земјата, според Државниот завод за статистика, изнесува 28 294 денари.

Поврзани вести