четврток, 12 ноември 2026
Најново

Министерката за финансии до детали ја знаела состојбата во Еуростандард банката

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На сметките на министерката за финансии Нина Ангелoвска во пропаднатата ЕУРОСТАНДАРД банка има нешто над 8.300 евра. Поголем дел од нив се на денарската сметка, а 534 евра се девизен депозит. Ова е запишано во анкетниот лист за имотната состојба на Ангеловска кој во моментов стои на веб страницата на Антикорупциска комисија.
Но, во првиот имотен лист кој го доставила по преземањето на функцијата, лани во септември, салдото било многу подебело. Тогаш Ангеловска располагала со девизен депозит од 51.233 евра, и денарски влод од над 12 милиони денари или 198.000 евра.
Имала ли Ангеловска информации за состојбата во банката, испитува Антикорупциската комисија.

Поврзани вести