Министерот за здравство во Хрватска се сомничи дека зел поткуп од 75.000 евра

Европското јавно обвинителство (ЕППО) во Загреб покрена истрага против осум лица, меѓу кои и министерот за здравство Вили Берош, кој беше уапсен утринава, и одговорните лица на две загрепски болници и две правни лица поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела проневера и поткуп, злоупотреба на положбата и овластувањата и перење пари, соопшти ЕЈО, пренесува Индекс.хр.

Неофицијално се дознава дека првоосомничен, што ЕЈО го означува за водач на злосторничкото здружување, е контроверзниот претприемач Хрвоје Петрач.

Петрач, наводно, не бил уапсен бидејќи моментално не е во Хрватска. Се наведува и дека Берош е обвинет за земање поткуп од 25.000 евра, вкупно 75.000 евра, за набавка на спорни апарати во болницата (Виноградска, Клаиќева и КБЦ Осиек).

ЕПЈО во своето соопштение наведува дека целта на нивното криминално дејствие било да се погрижат една од овие компании да биде избрана за продажба на медицински роботски апарати на болнички установи во Република Хрватска, што го постигнале со давање и ветување дека ќе им дадат парични награди на релевантните учесници во јавниот здравствен систем во замена да обезбедат финансирање на набавката на овие апарати по неразумно напумпани цени.

Постои основано сомнение дека дале или ветиле дека ќе дадат награди за манипулирање со постапките за јавни набавки со цел да се обезбеди исклучување на јавните набавки во корист на осомничената трговска компанија, преку креирање техничка документација во која биле вклучени технички спецификации на медицински роботски уреди кои само ова осомничената трговска компанија би можела да ги задоволи.

Други осомничени нуделе и предале мито на релевантни учесници во јавниот здравствен систем, вклучително и на министерот за здравство и на одговорните лица од повеќе болнички установи во Република Хрватска, со цел да преземат фаворизирање во врска со склучувањето договори за проектите на болнички институции вклучени во хрватскиот „Национален план за опоравување и отпорност 2021 – 2026“, финансиран од буџетот на Европската Унија во рамките на Механизмот за закрепнување и отпорност, но и за други проекти финансирани од државниот буџет на Република Хрватска.

Се сомнева дека осомничените во најмалку четири наврати преземале дејствија за обезбедување на поставување на медицинските роботски апарати на осомничената трговска компанија.

Во случајот со сплитскиот клинички болнички центар, набавката во рамки на проектот „Набавка на системи за роботска хирургија“, со проценета вредност од 4.850.000,00 евра и целосно финансирана од буџетот на ЕУ, не е доделена на осомничената трговска компанија и покрај понуден поткуп на одговорното лице во оваа болница и за тоа што на министерот за здравство му била ветена парична награда во замена за фаворизирање на осомничената трговска компанија.

Пронајдете не на следниве мрежи: