Министерот за одбрана не одговара на барањата на Независниот синдикат на професионални војници, објави Александар Наскоски, претседател на синдикатот.
– Поминаа повеќе од 3 недели откако доставивме барања до министерот за одбрана за
зголемување на платата на сите професионални војници од 30%,
трансформирање на работниот однос на неопределено време и
ПЕНЗИОНИРАЊЕ на професионалните војници како и останатиот активен воен персонал ![]()
Како што изјави јавно министерот #ВладоМисајловски сите барања ќе бидат внимателно разгледани ![]()
НО
На владина седница беше изгласан буџетот за 2025 година во кој НЕМА предвидено зголемување на платите на вработените во Армијата и МО, а посебно не за професионалните војници …
Очигледно разгледувањето на барањата траело ЕДНА СЕКУНДА , доволно време да се фрлат во корпа за отпадоци ![]()
Ете уште еден доказ дека професионалните војници се најдискриминирани и доказ колку го ценат војникот …![]()
Ова е РЕАЛНОСТА, на односот на работодавецот кон припадниците на Армијата !!!
Плата на професионален војник 30.292 денари, цели 11.000 денари под просечната плата во републиката,а синдикалната кошница е 61.000 денари за основни потреби ![]()
![]()
![]()
Две плати на професионалниот војник не се доволни за една синдикална кошница ![]()
![]()
![]()
Ама битно во НАТО сме ![]()
![]()
![]()
НАТО Армија со геврек и јогурт…бурек е скапа опција !!!
25 години на Определено време ![]()
На 45 години поклон за роденден на секој професионален војник по една КЛОЦА и под биро за вработување ![]()
Заслуга за 25 години служба за државата од државата …
#ВистинатазаАрмијата – стои во објавата на Фејсбук.







