Министерот Филипче го разреши директорот на ГАК Ваљон Беља

Министерот за здравство Венко Филипче денес го разреши економскиот директор на Клиниката за гинекологија Ваљон Беља. Во пост на Фејсбук Беља вчера ја обвини својата колешка Викторија Јовановска, директорка на ГАК за незаконски јавни набавки и за фаворизирање на компанија која врши лабораторски тестови. Тој исто така се закани дека за случајот ќе го информира Јавното обвинителство.
Директорката Јовановска денес најави дека ќе поднесе кривична пријава за клевета и навреда за, како што рече, изнесените невистини и откри дека во позадината на случајот стои барање од Беља да ангажира негови луѓе од Општината Чаир.
– Tој од мене бараше на двајцата негови советници, кои се на платен список во Oпштина Чаир, а кај нас на Kлиниката се веќе шест месеци ангажирани со договор на дело, да им ги продолжам договорите, а во спротивно ќе пуштал „бомби“ – вели директорката Јовановска.
За попладнево беше најавено дека Филипче ќе ги сослуша двете страни – директорката на Гинекологија Јовановска и разрешениот Беља.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.