Мини еклери со крем од лешници во чоколаден сос

Доколку сте во потрага по вкусен десерт кој во составот содржи чоколаден крем со лешници, нема потреба да барате и понатаму. Ние ги одбравме мини еклерите полнети со неверојатно богат крем, прелиени со чоколадо.
Доколку го следите пропишаниот рецепт ќе немате никаков проблем, а резултатот ќе ги воодушеви сите.
Потребни состојки:
За тестото:
1 шолја брашно
1/2 шолја масло
1 шолја вода
1 пакетче прашок за печиво
4 јајца
За филот:
500 g омекнато крем-сирење
500 g чоколаден крем со лешници (препорачуваме Лино Лада Gold со 16% сечкани лешници)
60 g шеќер
Прстофат сол
Начин на подготовка:

1. Помешајте ги маслото и водата. Потребно е да зовријат и да вријат околу 2 минути заедно.
2. Во зовриената течност додадете го брашното и мешајте енергично додека добро не се згусне. Тргнете го садот од оган, додадете го печивото, добро измешајте и оставете ја смесата целосно да се излади.
3. Откако смесата добро ќе се излади, додадете ги јајцата едно по едно и полека мешајте додека не добиете густа, изедначена смеса. Со помош на лажица или готварски шприц обликувајте топче од смесата, поставувајќи го на хартија за печење.
4. Печете ги мини еклерите го загреана рерна на 250ﹾС точно 10 минути, а потоа намалете ја температурата на 150ﹾС и печете ги уште 20 минути. Во текот на печењето не треба да ја отворите рерната, барем не во првите 20 минути. Готови се откако ќе станат златножолти.
5. Изматете ги крем сирењето и шеќерот со помош на електричен миксер. Матете сè додека не добиете хомогена смеса. Додајте 3/4 од кремот Лино Лада заедно со солта и продолжете со матење додека не се соединат. Полека додадете го и преостанатиот дел од кремот и нежно промешајте.
6. Оладените мини еклери пресечете ги на половина и наполнете ги со филот. По желба може да ги прелиете со готов чоколаден прелив или пак со стопено млечно или темно чоколадо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.