Крофнички со овошно полнење – се топат во уста…
СОСТОЈКИ:
170 мл млеко
1 коцка квасец
500 гр брашно
2 јајца
2 жолчки
90 гр шеќер
50 гр путер
малку сол
1 л масло
300 гр џем
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте околу 100 мл млеко, издробете го квасецот и додајте 150 гр брашно. Замесете и оставете на топло место околу 30 минути.
Разматете јајца и жолчки со 40 гр шеќер, па додајте ги во тестото, заедно со останатото млеко и брашно. Додајте путер, малку сол, измешајте и оставете да мирува на топло, околу 45 минути, да нарасне.
Од тестото направете 25 топчиња и наредете ги на крпа посипeна со брашно. Покријте и оставете ги уште 30 минути.
Загрејте масло. Испржете ги крофните и оставете ги на салфети да го впијат вишокот масло. Ставете џем во шприц за украсување колачи, прободете ги крофните и ставете џем во внатрешноста.
Уживајте!