МИНИ КРОФНИ од само три состојки: Ќе посакате да ги правите секој ден!

Крофните ги сакаат сите, а овој едноставен рецепт ќе ве спаси од долго стоење покрај шпоретот.
Потребни состојки:
– 150 г меко брашно
– 1,5 лажичка прашак за печиво
– 200 до 220 мл јогурт
Начин на приготвување: Соединете ги систе состојки, па смесата ставете ја во ќесичка за замрзнување на која ќе и го отсечете врвот. Во длабок сад загрејте масло, па истиснете тесто во облик по желба. Пржете се додека крофничките не добијат златна боја, па извадете ги од маслото и ставете ги на хартија да го впие вишокот маснотија. Сервирајте ги посипани со шеќер во прав или прелијте ги со чоколадо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.