Мислиме дека се здрави, а тие нè „уништуваат“: Овие намирници се погубни за нашиот организам

Постојат неколку високо обработени опции кои се рекламираат како здрави закуски или пијалоци, но тие всушност можат да го забават вашиот метаболизам и да го отежнат слабеењето.

Постојат неколку високо обработени опции кои се рекламираат како здрави закуски или пијалоци, но тие всушност можат да го забават вашиот метаболизам и да го отежнат слабеењето.

Храната што е најдостапна и најлесна за консумирање е обично најмалку здрава за нашиот струк. Нутриционистите Хедер Хенкс, Лиза Ричардс и Бет Хокс тврдат дека треба да се држиме настрана од зашеќерените, преработени гранола барови и овошните сокови купени во продавница.

Гранола барови
Најчесто се наоѓаат на полиците за здрава храна, па многумина посегнуваат по нив кога им е потребна брза ужина. Сепак, нутриционистите тврдат дека тие прават повеќе штета отколку добро, особено кога станува збор за телесната тежина.
„Гранола баровите се најлошата храна за слабеење, бидејќи се полни со рафинирани шеќери. Многу производители тврдат дека се здрави, бидејќи содржат овес. И додека овесот е навистина добар извор на влакна, проблемот е во додадените состојки кои прават тоа да е нездрава храна“, објаснува Хедер Хенкс за „She Finds“.
Лиза Ричардс додава дека „преработената храна е направена од рафинирани јаглехидрати кои создаваат воспаление и го уништуваат здравјето на цревата“.
Наместо гранола, посегнете по јаткасти плодови и овошје, кои ќе ве заситат и ќе ви ја дадат потребната доза на енергија.

Мислиме дека се здрави, а тие нè „уништуваат“: Овие намирници се погубни за нашиот организам

Овошни сокови
Овошните сокови се исто така полни со непотребен шеќер. Ако ги пиете секој ден, може да предизвикаат проблеми како надуеност, воспаление, забавен метаболизам и зголемување на телесната тежина.

„На пример, во еден сок од портокал од 350 милилитри има околу 31 грам шеќер, што е за 22 грама повеќе отколку во иста количина на најпознатиот газиран пијалок во светот“, тврди Бет Хокс.
Покрај тоа, овошниот сок од продавница нема хранлива вредност. Затоа изберете здрави алтернативи како незасладен чај, вода или дури и свежо исцеден овошен сок, кој е богат со влакна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.