Познат е идентитетот на лицето кое беше пронајдено починато, во поодмината фаза во близина на филтерната станица во Велес, на шести јануари.
Јавноста сега шпекулира дека можеби има врска со неодамнешните настани и убиствата кои што зачестија во регионов…
- Приведен 31-годишник од Криволак за агресивен однос кон лица од Шумска полицијаТриесет и едногодишен маж од Криволак синоќа бил лишен- прочитај повеќе
- Приведени двајца стружани поради предизвикување семејно насилствоСтрушката полиција приведе две лица од Струга по претходни- прочитај повеќе
- Мемеди: Зголемен бројот на деца со респираторни инфекции на Детската клиникаДиректорот на Детската клиника Реџеп Мемеди информира дека во- прочитај повеќе
- Анѓушев: За добивање производи и услуги со додадена вредност потребно е преструктуирање на производствотоВо новата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на- прочитај повеќе
- Фокус на културниот туризам, развој на креативните индустрии и одлуката за снимање филм за Тоше оставија белег на културната сценаСпојување на културата со туризмот и мапирање на креативните- прочитај повеќе
Како што беше објавено, станува збор за велешанец на возраст од 66 години, кој беше пријавен за исчезнат од јули минатата година. По него се трагаше подолг период, а семејството социјалните мрежи бараше помош во негово пронаоѓање.
Од СВР Велес по повод случајот известија дека на местото каде бил пронајден трупот бил извршен увид од увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на Институт за судска медицина, заради утврдување на причините на смртта и идентитетот.
ОЈО сеуште без конкретни одговори во врска со случајот, односно дали е утврдена причината за смртта на велешанецот, кој исчезна пред околу шест месеци, а чиј труп беше пронајден кај филтерната станица на ЈКП Дервен во Велес. Од таму посочија дека се уште не е готов обдукцискиот наод.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.