МИСТЕРИЈА НА СНИМКИ ОД ВСЕЛЕНАТА Дали е пронајдена древна пирамида или нешто друго во пустината?

Невообичаена „триаголна“ формација во пустината Невада предизвика многу шпекулации на интернет, а некои луѓе веруваат дека би можела да биде дело на „изгубена древна цивилизација“.

„Структурата“ е забележана на Google Earth и се наоѓа во близина на Батл Маунтин, опкружена со остри планински врвови, длабоки долини и гребени.

Различни мислења

Објавената фотографија прикажува голем, јасно дефиниран триаголник, чии страни се речиси прави и еднакви. Кога сателитскиот поглед е зголемен – на координати 40,35322, -117,34707, се забележуваат слаби линеарни траги.

Корисниците на социјалните мрежи шпекулираат дека станува збор за „изгубена древна пирамида“, а има и такви кои го гледаат откритието како „универзално меѓугалактичко предупредување“.

И додека некои отидоа до екстремни теории, други понудија пореалистично толкување, објавува Дејли меил.

Остатоци од стариот аеродром?

Имено, формацијата се совпаѓа со планот на средното поле Бафало Вали , односно аеродромот изграден помеѓу 1930-тите и 1940-тите, по должината на раните воздухопловни рути во Невада.

Во Невада и другите пустински области на САД, „триаголните“ аеродроми беа вообичаени во 1930-тите и 1940-тите.

Нивната цел беше да овозможат ран развој на воздушниот сообраќај, вклучувајќи ги поштенските рути и итни слетувања. Тие имаа необична форма, така што пилотите можеа да слетуваат со ветер што доаѓаше од различни насоки.

Експертите забележуваат дека ваквите објекти не се ретки. Многу од нив немале поплочени писти и со текот на времето пустината „ги зела под свое крило“.
The post МИСТЕРИЈА НА СНИМКИ ОД ВСЕЛЕНАТА Дали е пронајдена древна пирамида или нешто друго во пустината? appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: