Мицковски е мафијата што му служи на Заев, глуми статист на избори и брои порази

Мафија што му служи на Заев се оние кои му глумат статисти на избори и ги бројат поразите одбивајќи да понесат било каква одговорност.

Mафија што му служи на Заев се оние кои ја растураат ВМРО-ДПМНЕ и не дозволуваат промени, форсирајќи ја политиката која што ги оттргнува гласачите од партијата.

Мафија што му служи на Заев се оние кои не мрднаа со мал прст за да ги заштитат членовите на партијата, кои се жртви на политички прогон.

Мафија што му служи на Заев се оние за кои беа објавувани информации за сомнително стекнати хидроцентрали, но институциите за кои се тврди дека се под влијание на Заев, одлучија да не ги чепкаат.

Мафија што му служи на Заев се оние кои со непотизам се стекнале со звања на факултети, но повторно институциите за кои се тврди дека се под влијание на Заев ги прикриваат.

Мафија што му служи на Заев се оние кои што државните пари за предизборно рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ ги делеле по портали кои никој не ги чул ниту видел.

Мафија што му служи на Заев се оние кои одат по теретани и кафеани, ангажираат полиција, фрлаат снимки од камери по буриња за време на корона рестрикции, но институциите за кои се вели дека се под контрола на Заев ги амнестираат.

Додека едни членови на ВМРО-ДПМНЕ добиваат притвори и затворски казни од судовите и обвинителствата, други добиваат ослободување од кривичен прогон.

Затоа сеуште актуелниот Претседател Христијан Мицкоски е во паника и губи глас кога треба да изглуми некаква загриженост. Мицкоски е прочитан. Тој нема капацитет да го поведе членството и народот. Ваков Мицкоски му одговара на СДСМ и Заев да биде доживотен претседател.

Единствен излез од целосно разнебитување на партијата е одржување на нов вонреден конгрес.

Вонреден конгрес ќе има бидејќи партијата не е хидроцентрала на Мицкоски.

Или ВМРО-ДПМНЕ или Христијан Мицкоски – се наведува во соопштението на „Иницијативата за Конгрес“ испратено до редакцијата предмалку.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.