Мицковски призна дека се јавувал во внатрешната контрола на МВР по повод случајот „Теретана“

Мицковски призна дека се јавувал во внатрешната контрола на МВР по повод случајот „Теретана“. Дали е ова законски треба да одговорат што поскоро институциите. Оти човекот претендира да биде премиер, односно цело време зборува за себе како „мандатар“ и како “иден премиер“.

Денеска Христијан Мицковски, изјави дека е точно дека имал разговор со лицето вработено во Министерството за внатрешни работи, што е надлежно за случајот. Разговорот бил поврзан со снимките од фитнес-салата. Претходно имало и СМС комуникација.

Во врска со ова Порталот СДК напиша: Политичар или кој било граѓанин, па дури и претпоставен, забрането е да му се јавува на службено лице кое врши истрага или повело дисциплинска постапка, да се интересира за неговиот случај, како што направил Мицкоски за теретаната, а не смее ни да го замоли најљубезно, а камоли да му каже да внимава што прави за конкретниот случај. Тоа е кривично дело и ако не го пријави Чулев лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Обвинителството треба по допрен глас да отвори постапка.

Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, во гостување во „Отвореното студио“ на ТВ 24, рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, барал случајот со фитнес-салата да се реши побрзо.

Еве ја таа вест:

Мицкоски вршел притисок врз Внатрешна контрола побрзо да се реши случајот „Теретана“ – обвини Славјанка Петровска во ТВ настап

А портпаролите се препукуваа инфантилно:

Кој функционер на ДПМНЕ од Струмица барал сексуални услуги за завршена работа?

И другиот:

Арсовски го праша Костадинов: зошто се дадени лиценци за Марихуана периодов, на фирми од Струмица

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.