Премиерот Христијан Мицкоски вели дека земјата може да се соочи со економски предизвици во иднина.
„Безбедносната состојба е стабилна, но можеби, со текот на времето, ќе имаме одредени економски предизвици поради притисокот врз цената на нафтата“, изјави премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес на настан за проширување на производствените капацитети на „АКТИВА“ УГД Штип, прашан за случувањата на Блискиот Исток и бомбардирањето на неколку земји од Заливот.
Мицкоски вели дека со Министерството за финансии го разгледува намалувањето на акцизите и даноците, со цел да се види кои се нашите опции за намалување на влијанието врз животниот стандард на граѓаните.
Во моментов нема одлука за прогласување кризна состојба. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изјави дека ситуацијата се следи и доколку државата побара прогласување кризна состојба, тоа ќе биде разгледано од Владата.
Вчера, министерот за енергетика и минерални ресурси објави дека резервите на нафта се стабилни и дека има доволно за снабдување на граѓаните и економијата.
The post Мицкоски за конфликтот на Блискиот Исток: Можеби ќе имаме одредени економски предизвици appeared first on Во Центар.



