четврток, 12 ноември 2026
Најново

Мицкоски за побараната оставка од него: Гледате сега дека има правда – користеше навредливи термини како некрофили

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Премиерот Христијан Мицкоски, прашан за Кочани и барањата за оставки кои дојдоа од дел од родителите, рече дека Владата се бори да има одговорност и правда, за да не биде „како до сега“. Тој рече дека МВР асистира на обвинителите, а потоа пак обвини дека има политичари кои се некрофили.

„Мислам дека Обвинителството постапува согласно истрагата. Тоа што Обвинителството бара од МВР тоа и се испорачува. Никој не треба да има дилема. Секој што е одговорен според Обвинителството, МВР ќе постапи така. Да ги оставиме да ја водат истрагата. Жалам што одредени некрофили од политичките партии се обидуваат да добијат политички поени, мислам дека им се враќа како бумеранг и не им успева. Јас нема да го политизирам случајот“, рече Мицкоски.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој додаде: „Болката ќе трае цел живот кај родителите, а ние имаме одговорност да се бориме за правда. И сега гледате дека има правда“.

Поврзани вести