Мицкоски за реконструкцијата на Владата: Нема толеранција, уморните министри треба да си заминат

Процесот на реконструкција на владата започнa, додека според информациите, првите состаноци со коалициските партнери ВЛЕН и ЗНАМ ќе се одржат денес и утре. После тоа ќе се знае кои министри и директори ќе бидат отстранети од своите позиции поради недостаток на резултати во нивната работа.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека добил информации дека некои министри не си ја работат работата, туку само ги злоупотребуваат привилегиите на власта, додавајќи дека нема да има толеранција за неодговорност и отстапување од принципите на Владата.

„Јасно е дека има такви на кои фотелјата им станала подрага од контактот со народот. Добивам информации дека некои министри и директори се недостапни за народот, додека има и такви на кои приватните патувања им станале подраги од посетите на села и градови. Не прифаќам изговори од ниту еден назначен функционер дека се уморни. Ако се уморни, фер е да си заминат“, рече Мицкоски.

Министерот за социјална политика, Фатмир Лимани, по судирот со раководството, а потоа и напуштањето на ВЛЕН, неговата позиција во Владата стана неизвесна, но неофицијално се вели дека е во блиски односи со Мицкоски и дека може да остане на власт и покрај барањата на ВЛЕН за негова смена. Лимани изјави дека воопшто не е важно дали ќе биде на функција или не.

„Без разлика дали сме министри или не, до последниот ден мора да се погрижиме да ги спречиме овие случаи, а не да се занимаваме со тоа кој ќе биде следниот министер. Колкумина биле и колкумина поминале и колку министри ќе има тука, сè ќе зависи од тоа каква трага сме оставиле во овие сали и во министерствата што ги имаме“, рече Лимани.

Од она што е веќе сигурно, вицепремиерот за добро управување, Арбен Фетаи, повеќе нема да биде дел од владиниот кабинет, бидејќи неговата оставка е прифатена. Според неофицијални извори, во реконструкцијата на Владата може да има и промена на ресорите меѓу коалициските партнери.
The post Мицкоски за реконструкцијата на Владата: Нема толеранција, уморните министри треба да си заминат appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: