Премиерот на земјата, Христијан Мицкоски, изјави дека во моментов нема проблем што би го загрозил нормалното функционирање на системот. Состојбата во земјата е апсолутно нормална, ја следиме ситуацијата и соодветно ќе реагираме на предизвиците, нема да чекаме тие да се случат, а потоа да преземеме мерки.
Според Мицкоски, она што го предлага опозицијата е исто така дел од размислувањето на Владата, но покрај тоа, постојат и други мерки што ќе бидат преземени доколку се оцени дека е потребно.
„Ја следиме ситуацијата, ова се почетоците на конфликтот што се случува во Персискиот Залив и војната. Ги молам сите да останат смирени, бидејќи во овој момент нема таков предизвик што би го загрозил нормалното функционирање на системот, ниту пак постои некој индикатор што би можел да нè изненади. Секако, предизвиците се случуваат секој ден и ние ги анализираме. За разлика од опозицијата, ние имаме одговорност. Гледам дека се повикуваат на некои наши изјави од 2022 година, но двете апсолутно не се споредливи, бидејќи тие изјави беа дадени по неколку месеци континуиран раст, додека сега зборуваме за неколку дена од почетокот на кризата. Инаку, она што го предлага опозицијата е, секако, дел од размислувањето на Владата, но не само тоа, има и други мерки што ќе бидат преземени и ние ќе реагираме соодветно на предизвиците, нема да чекаме да се случат, а потоа да реагираме. Засега, ако мене ме прашувате денес, ситуацијата е апсолутно нормална, додека ние ќе ја информираме јавноста навремено за тоа што ќе се случува во иднина“, нагласи Мицкоски.
The post Мицкоски: И покрај конфликтот на Блискиот Исток, ситуацијата тука е стабилна appeared first on Во Центар.



