Жестока вербална расправа меѓу лидерот на опозицијата и премиерот на почетокот на денешната собраниска седница посветена на пратеничките прашања.
Лидерот на СДСМ ја обвини Владата и премиерот дека за две години не исполниле ништо од ветувањата дадени на изборите.
– Кога баравте власт и кога граѓаните ги молевте да ви дадат доверба, ветувавте сè и сешто. Ветувавте повисок животен стандард, економско заживување, ниска инфлација, раст на платите над растот на цените, повеќе странски инвестиции, помал буџетски дефицит, умерено задолжување, поддршка на земјоделците, иднина за младите, правда, реформи и европски напредок, рече Венко Филипче од собраниската говорница.
Посочи дека истите ветувања биле запишани и во програмата „1198“ и дека ветувале мед и млеко, но дека реалноста е сосема поинаква.
– Една голема нула. Нула за реформи, за зголемување на платите, за мерки за младите, за поддршка на земјоделците, нула за европскиот пат. И сега моето прашање е просто, едноставно: Кој е крив за овие неисполнети ветувања? Кој е крив, премиере, за овие две изгубени години? Ќе излезете ли и ќе кажете пред граѓаните, отворено и искрено, дека потфрливте и дека ништо од овие ветувања не исполнивте? И немојте повторно да барате виновник. Немојте да сум виновник јас или Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, рече Филипче.
Премиерот со одговор дека народот е разочаран поради чувството дека правдата не е еднаква на сите.
– Јас признавам дека сум виновен, тоа што поминаа две години, а вие уште уживате на јахтите во Паљури, наместо на друго место. Признавам дека сум виновен. Но, исто така ве гледам во очи и ви ветувам дека нема повеќе да ги разочаруваме македонските граѓани како поранешни функционери уживаат на јахти и во мелосот на Харис Џиновиќ. Ете тоа е желбата на народот, рече Мицкоски.
The post Мицкоски и Филипче во вербален костец за ветувањата и реализацијата appeared first on Provereno.



