недела, 15 ноември 2026
Најново

Мицкоски: Мораме да привлечеме инвестиции со напредна технологија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

  Премиерот Христијан Мицкоски очекува оваа година да финишираат преговорите со голем дел од странските инвеститори со кои се преговара и да се потврди или надмине бројката од една милијарда евра странски инвестиции.
– Најголемиот дел од тие инвестиции се во напредната технологија и чувствувам дека  мораме да привлекуваме инвестиции коишто можеби не се толку поврзани со автомобилската индустрија така што една од овие инвестиции е напредна технологија, повеќе од 350 милиони евра е инвестицијата. Другата веќе ја најавивме и очекувам конечно некаде јуни-јули да го ставиме камен темелникот. Тоа е ветерниот парк од половина милијарда долари. Така што очекувам успешна и плодна година, изјави Мицкоски по свечената литурија по повод Божиќ одржана во Соборниот храм во Скопје.
Според премиерот, иако индустриското производство бележи пад и има економска криза во Германија која е наш најголем трговски партнер, она што ќе го помага економскиот раст се инвестициите, потрошувачката и намалената разлика меѓу увозот и извозот. Мицкоски очекува да бидеме меѓу првите пет најбрзо растечки економии во Европа.

Поврзани вести