Зборувајќи за изјавите на функционери на власта дека во ВМРО-ДПМНЕ има проевропско крило кое би гласало за уставните измени, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на МРТ постави контра-прашања: А, да не имаме ние пратеници за ново мнозинство?
Во свој стил и најверојатно за потребите да влее надеж на членството Мицковски секоја недела најавува ново парламентарно мнозинство:
„Јас велам преговараме за ново парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и пораз на СДСМ“, посочи Мицкоски.

-Па не дека најавувам ново мнозинство, но како што тие најавуваат дека преговараат, и ние имаме право да работиме на ново мнозинство да ја урнеме власта. Нормално дека работиме на тоа, има конкретни чекори. Само внимаваме да не има нов Кастриот. Разговараме со неколку од 120-те пратеници, рече Мицкоски.
Пронајдете не на следниве мрежи:



