Мицкоски: Очекувам годишната инфлација да биде околу 3 проценти

Премиерот Христијан Мицкоски денес зборуваше за инфлацијата во земјата како одговор на новинарско прашање.

„Оваа година очекувам да се стабилизираме, да бидеме под три проценти со годишна инфлација. Очекувам негативен месечен тренд, односно пад, во споредба со минатата година. Лани во јануари имавме кошничка, па очекувам годинава да се движиме околу 3%“, рече Мицкоски по поставувањето камен-темелник за изградба на спортска сала во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае во Скопско.

Премиерот нагласи дека владата води домашни политики кои се во рамките на стандардите на граѓаните.

„Вака работевме досега, кон консолидирање на состојбата во земјата. Од хаотична ситуација, срушени институции, уништен систем, стигнуваме до ситуација каде што можеме да кажеме дека конечно се консолидиравме и сега е потребно да ја развиваме Македонија онака како што ја сакаат сите граѓани“, рече Мицкоски.
The post Мицкоски: Очекувам годишната инфлација да биде околу 3 проценти appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: