Мицкоски: Очекувам дизелот да се продава поевтино за 7 денари, а бензинот за 4 денари

Премиерот на земјата, Христијан Мицкоски, најави значително намалување на цените на нафтените производи почнувајќи од понеделник, кога се очекува Регулаторната комисија за енергетика да ги објави новите цени.

Мицкоски рече дека очекува, по стабилизирањето на ситуацијата на Блискиот Исток, цените на бензините да се намалат за околу 4 денари за литар, додека цената на дизелот ќе се намали за околу 7 денари.

„Мерките се во основа завршени. Со најавите за постигнатиот договор, условно кажано, меѓу страните вклучени во конфликтот во Персискиот Залив, во овој случај САД и Иран, додека продолжуваат финалните преговори за финализирање на тој договор, проценувам дека пазарот ќе се стабилизира. Мора да имаме предвид дека дури и ако Ормутскиот теснец се отвори, на танкерите што ќе тргнат им треба околу еден месец за да стигнат до својата дестинација, така што ова е исто така постапка што одзема време. Земајќи ги предвид сите овие аспекти, како и фактот дека Израел и Хезболах се исто така на мировната маса, очекувам оваа криза да се заклучи и да влеземе во помирни води во однос на цените на нафтата. Вредноста на доларот малку се зголеми, но очекувам цената на бензинот да се намали за околу 4 денари во понеделник, додека очекувам уште поголемо намалување на дизелот, поточно околу 7 денари“, изјави Мицкоски.
The post Мицкоски: Очекувам дизелот да се продава поевтино за 7 денари, а бензинот за 4 денари appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: