четврток, 12 ноември 2026
Најново

Мицкоски продолжува да делува антидржавно, на штета на националните интереси

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Мицкоски продолжува да делува антидржавно, на штета на националните интереси – соопштение на СДСМ

Јавноста многу добро памети како лично Мицкоски на Бојко Борисов јавно му кажа дека го поддржува, односно „поткрепа“ Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, додека дома го нарекуваше капитулантски.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Јавноста многу добро знае и дека Мицкоски беше единствениот кој не се израдува на членството во НАТО и дека со неговата ВМРО-ДПМНЕ правеше се, за да ги блокира реформите и да го закочи напредокот кон ЕУ додека јавно навиваа државата да не добие позитивен Извештај и да не добие датум за преговори.

Денес, Мицкоски со своите антидржавни и антиевропски ставови се обидува да ја поткопа меѓународната позиција и да ја загрози европската иднина на државата. Како што не успеа претходно, така нема да успее ниту сега.

Република Северна Македонија продолжува по вистинскиот пат, по патот на напредокот, развојот и интеграцијата, колку и тоа да не им се допаѓа на Мицкоски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

ПУЛС ве потсетува на средбата на Мицковски со Борисов. 

Мицковски при оваа средба не се спротивстави ни на северна нити пак рече дека договорот за добрососедство со Бугарија е спорен. Напротив збореше за стипендии по Германии. Тимчо потенцираше дека е „учен“ во САД, како и сите негови пријатели од масата.

Борисов повеќе пати спомена СЕВЕРНА на што не се слушна никаков приговор…

Поврзани вести