Премиерот Христијан Мицкоски по вчерашниот состанок е се помалку оптимист дека ќе се најде решение за новиот Изборен законик. Вели дека СДСМ и Левица излегле со радикализирани позиции со цел да не се постигне договор.
Вели дека се согласни со барањата за една изборна единица и за финансирањето, но дека за нив како партија стратешка цел е да гласа и дијаспората.
– Дел од политичките партии излегоа со сосема радикализирани позиции. Едната беше да се гласа во рамки на Државната изборна комисија со консензус, нешто што за нас не е прифатливо. Тоа е позиција која некој ја поставува за да нема договор. Второ, политичката партија Левица излезе со барање за повеќе средства за кампањата, односно да има повеќе пари за рекламирање, како и да има една изборна единица, од СДСМ ги знаете барањата и така натаму. Нашиот став е јасен. Добро, нека има помалку за нас, а повеќе за нив. За тоа сме согласни. Согласни сме и да има една изборна единица. Подготвени сме да ги прифатиме сите барања на СДСМ и на коалициските партнери на СДСМ. Немаме никаков проблем, изјави денеска Мицкоски во Кавадарци.
Вели дека кај СДСМ и Левица постои страв дека ќе изгубат на следните парламентарни избори и затоа наоѓаат начин да го бојкотираат целиот процес.
– Ние не сакаме тој да се носи со европско знаменце, ниту целиот процес да биде некако изнасилен. Мислевме дека имаме работа со зрели и одговорни луѓе кои се грижат за иднината на земјата, но очигледно е дека партиските интереси, партиското политичко мочуриште, финансиските интереси и некои други интереси се пред и над се ние тука не можеме да помогнеме. Разговорите ќе продолжат утре, но по вчерашниот состанок сè помалку сум оптимист, рече Мицкоски.
На вчерашниот состанок на парламентарниѕте групи не беше постигнат договор. ВМРО-ДПМНЕ излезе со нов предлог – наместо електронско гласање, дијаспората да гласа преку пошта.
Од СДСМ денеска со одговор – замената на електронското гласање, без никаква контрола, со писма по пошта, без притоа ДИК да има можност да го регулира со консензус, не е гарант за безбедност и контрола на слободно изразување на волјата на граѓаните, туку нова можност за изборни манипулации и нерегуларности.
– Гласање преку пошта без строга институционална верификација оневозможува да се утврди идентитетот на гласачот и да се заштити тајноста на гласот. Тоа е директно заобиколување на изборните правила. СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, ние имаме обврска да го заштитиме гласањето и овие игри на ВМРО не ги прифаќаме.
Власта треба да се откаже од овие намери, да се повлече и да се достави предлог ДИК со консензус да може да го регулира гласањето на дијаспората, велат од СДСМ.
The post Мицкоски се помалку оптимист дека ќе има договор за Изборниот законик, утре нова средба appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



