Мицкоски се претвори во обвинител и судија: Кога нема резултати, се бркаат политички противници

Христијан Мицкоски се претвори во обвинител и судија. Денеска, по кој знае кој пат, повторно преку медиумите испраќа закани до политичките противници. Вакво нешто го нема ниту во Северна Кореја.

Од собраниска говорница, преку медиуми и јавни настапи, тој најавува апсења на „поранешни функционери“ и им наредува на институциите што треба да се случува.
Ова не е владеење на правото. Ова е политички прогон.

Мицкоски нема ниту еден позитивен резултат по две години на власт.

Економијата е во колапс, инвестициите се намалени за 60%, младите заминуваат, а европскиот пат е блокиран.

Наместо да одговара за сопствените неуспеси, тој ги злоупотребува институциите како политичко оружје против опозицијата.

Кога нема што да покаже, тогаш се бркаат „поранешни“.

Кога нема реформи, тогаш се најавуваат апсења. Кога нема европска перспектива, тогаш се прави театар за внатрешна употреба.

Мицкоски јавно му дели наредби на Обвинителството од собраниска говорница, преку медиуми и телефонски повици.

Тој одлучува кој е виновен, а кој не. Тој е и обвинител, и судија, и извршител. Ова не е правна држава – ова е лична власт.

Вистинската причина за оваа хајка е едноставна: Мицкоски нема резултати. Затоа мора да создава непријатели и да го одржува наративот на „борба против минатото“, додека сегашноста ја турка во неизвесност.

Во нормална европска држава, токму луѓе како Мицкоски би морале да одговараат за системската корупција, за клиентелизмот, за злоупотреба на институциите и за служењето на странски интереси.

Но, за да се стигне таму, прво треба да се воспостави вистинска независна правна држава а не оваа изведба во која еден човек одлучува кој ќе оди во затвор.

Мицкоски не ја брани правдата. Тој ја злоупотребува за да се спаси од сопствената политичка пропаст и од одговорност – напишаа од СДСМ денеска.

Пронајдете не на следниве мрежи: