На претстојните локални избори кои треба да се одржат несен ќе нема коалиции помеѓу македонскиот политички блок од една, и албански политички блок од друга страна за општини како што се Кичево и Струга, опција која ја остави како отворена опозицискиот лидер Венко Филипче. Наспроти ова, премиерот Христијан Мицкоски ја отфрли таквата можност и рече да на изборите заедничка поддршка ќе има меѓу владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, коалицијата Вреди и ЗНАМ и дека очекува општествена поддршка.
– Добив информација дека тој е еден од ретките политичари којшто на отворена сцена покажува разбирање за политиките на ДУИ, нешто за кое што ние континуирано зборуваме дека коалицијата СДСМ, Левица и ДУИ перфектно функционира. Инаку јас очекувам општествена поддршка за кандидатите на владината коалиција во која е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, коалицијата Вреди и партијата ЗНАМ зашто убеден сум дека политиките кои ги води оваа коалиција се од интерес на народот и затоа кога велам дека очекувам општествена поддршка тоа навистина и го мислам – рече Мицкоски.



