Мицкоски: Чебрен и Галиште – стратешки хидропроекти со британска поддршка и долгорочна вредност

Премиерот Христијан Мицкоски, на надзорната расправа за аерозагадување во Собранието, ја истакна изградбата на хидроелектраните Чебрен и Галиште како клучен стратешки проект за енергетска и еколошка иднина на државата. Инвестицијата, вредна 1,2 до 1,3 милијарди евра, ќе се реализира со средства од британски заем, делумно преку државна поддршка, а дел преку приватни инвестиции под пазарни услови.

Мицкоски нагласи дека, покрај зголемено производство на електрична енергија, двата нови резервоари ќе бидат клучни за справување со климатските промени и ќе обезбедат стабилно наводнување на над 55.000 хектари земјоделско земјиште во тиквешкиот регион, каде што живеат и работат многу земјоделци и овоштари.

Дополнително, се очекува акумулациите во Мариово да го поттикнат развојот на туризмот, бидејќи веќе има интерес од приватни инвеститори за развој на туристички капацитети.
„Ова е проект кој ќе трае со децении и нема да заврши во мандатот на оваа влада, но ќе донесе значајна додадена вредност за државата“, рече премиерот.

Во делот на јавното здравје, Мицкоски подвлече дека поквалитетната животна средина ќе значи и намалена потреба од здравствени интервенции. Притоа посочи дека Буџетот на Фондот за здравство за 2025 година е рекорден – 53 милијарди денари.

Пронајдете не на следниве мрежи: