Мицотакис: Договорот од Преспа, речиси ја даде на друг придавката “македонски“

Говорејќи во Европскиот парламент за време на активностите на “Европската народна партија“, лидерот на “Нова демократија“, Кирјакос Мицотакис, се осврна и на Договорот од Преспа, а овојпат, акцентот го стави на производите кои го носат терминот “македонски“, јави дописничката на МИА од Атина.
Договорот од Преспа рече Мицотакис речиси ја даде на друг придавката “македонски“ и уште еднаш го повтори ставот на најголемата грчка опозициска партија дека “признавањето на македонска националност и македонски јазик е најголемата грешка, и длабока национална отстапка во однос на оние работи за кои преговараа претходните Влади“.
– Гледате дека, за жал, континуирано се додаваат и нови проблеми за кои имавме споменато и кои ќе ги најдеме пред нас: идентитетот на македонските производи од Северна Грција денес е оспорен, бидејќи Договорот од Преспа, речиси ја даде на друг придавката “македонски“. Тоа значи, кога македонските производи доаѓаат на саеми во странство некои оспоруваат дека можат да се претстават на овој начин. Ќе биде потребна голема битка за да можеме да ја коригираме создадената тешка ситуација и да го одбраниме брендот на Македонија, и грчките компании кои се базираат токму на ова име, кое што се идентификува со нашата Македонија, кажа Мицотакис.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.