Мицотакис: Потребно е спроведување голема светска комуникациска кампања за автентичната грчката Македонија

Во своето обраќање пред пратениците грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис изјави дека двете клучни работи на кои ќе се фокусира грчката Влада се, процесот на интеграција на Република Македонија во Европската Унија да се користи како алатка за притиcoк и силна поддршка за брендот „Македонија“.
Вели дека ова е начин за да се намалат негативните последици од Договорот од Преспа.
–Неопходно е да се бopиме за да ги ублажиме нeгативните последици користејќи го како алатка за притиcoк процесот на интеграција на Скопје во Европската Унија. Мораме да дадеме и силна поддршка на македонските производи, кои вие ги оставивте на нивната судбина. Потребно е и спроведување голема светска комуникациска кампања за автентичната грчката Македонија. Ова го кажав и ќе го сторам тоа. И ако господине Ципрас не сакате да дадете поддршка, бидејќи сметате дека договорот што го потпишавте е толку важен, сами ќе го сториме тоа – рече Мицотакис.
Во своето обраќање со кое директно му се обрати на Мицотакис  поранешниот премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас потенцираше дека му е драго што како премиер одлучил да ја задржи националната линија за еден национално корисен договор.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.