Мијалков веќе е преместен во „хашка соба“

Сашо Мијалков е преместен од обична во т.н „хашка соба“ во затворот во Шутка, се дознава од внатрешни кругови. Тој е преместен во една од шесте „хашки соби“ кои ги има во истражниот затвор во Скопје. Произлегува дека само еден ден поминал во обична ќелија.
Овие често спомнувани и попупарни „Хашки соби“ важат за привелигирани соби и се градени според стандардите на ЕУ, па затоа условите во нив се далеку попристојни од останатите ќелии.
Во ваква соба е и Орце Камчев. 
Не е познато дали се сретнуваат некогашните партнери, а сега лути противници…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.