Млада тенисерка (16) непристојно во јавност ја допираа и таткото и тренерот. СКАНДАЛОЗНИ СЦЕНИ ОД УС ОПЕН

Младата чешка тенисерка Сара Бејлек (16) го освои своето место во главната ждрепка на годинашниот УС Опен, а видеото од новата надеж на светскиот тенис ја шокираше цела планета. По една од нејзините најголеми победи, се случија три многу бизарни ситуации.

Млада тенисерка (16) непристојно во јавност ја допираа и таткото и тренерот. СКАНДАЛОЗНИ СЦЕНИ ОД УС ОПЕН

Откако стигна до триумфот, таа се поздрави со двајца постари мажи кои ја допираа позади, а еден од нив го бакна во уста.

Видеото брзо се рашири низ светот, а мажите со кои славеше испаднаа дека се нејзиниот татко и нејзиниот тренер, што ја направи ситуацијата уште почудна. Допирањето воопшто не беше соодветно, а бакнежот во уста со таткото предизвика многу коментари кај тениските фанови ширум светот.

Млада тенисерка (16) непристојно во јавност ја допираа и таткото и тренерот. СКАНДАЛОЗНИ СЦЕНИ ОД УС ОПЕН

Најмладата тенисерка која играла на овогодинешниот УС Опен даде одлични резултати во изминатите месеци, стигнувајќи до пласман во квалификациите за Грен слем со само 16 години.

На видеото убаво се гледа дека допирањето по задникот и од двајцата не е случајно!

Моментално е 194-та тенисерка во светот, додека најдобар пласман и е 181-та позиција што ја имаше во јули. Несомнено е дека левораката тенисерка од Чешка ќе биде многу подобро пласирана во наредните сезони, но пред нејзините големи успеси вниманието привлече начинот на кој ја прослави победата во Њујорк.

Сепак, ваквиот начин на славење на триумф не беше невообичаен за самата Сара, бидејќи со насмевка се оддалечи од својот татко и тренер. Таа продолжи да ги поздравува фановите и да мафта со толпата која го виде нејзиниот најголем успех во кариерата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.