Младите во Македонија го напуштаат домот на своите родители нa 32,1 години






За разлика од поразвиените земји во Европа, младите на Балканот доста доцна ги напуштаат домовите на своите родители и стануваат независни, покажува истражувањето на Евростат, според кое младите во Македонија го напуштаат домот на своите родители нa 32,1 години, јави дописникот на МИА од Белград.

Младите во Хрватска го напуштаат домот на своите родители во просек на возраст од 33,4 години, а младите во Естонија најрано на возраст од 22,7 години во просек.
Во просек, младите во Србија го напуштаат домот на своите родители на 31,4 години, во Црна Гора на 33,3 и во Македонија на 32,1 години. Од друга страна, младите во остатокот од Европа го напуштаат домот на своите родители во раните дваесетти години (Естонија 22,7 години, Холандија 23 години, Франција 23,4 години, Велика Британија 24,6 години, Литванија 24,7 години).
Според експертите, главните причини за многу подолг останок во родителскиот дом на младите на Балканот во споредба со остатокот од Европа, делумно лежи во традицијата (посилни семејни врски во нашиот регион), но најдоминантна причина секако е недостаток на финансиска независност на младите (пред се поради немањето доволен број добро платени работни места).

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: