Младите го одбележаа Меѓународниот ден на мирот

Со спроведување на повеќе креативни активности и иницијативи, на 21 септември 2021 година,
околу 200 ученици од девет основни и средни училишта низ државата го одбележаа
Меѓународниот ден на мирот, во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на
младите во образованието (МИМО), имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско
образование (МЦГО) во соработка со Младински образовен форум. Тие се собраа во
училишните дворови, со почитување на протоколите за заштита и заедно ја подобрија
средината во која учат.
Во основните училишта „Јашар Беј Шкупи“ во Чаир, „Кирил и Методиј“ во с. Стајковци, Гази Баба,
„Гоце Делчев“ во Свети Николе, „Кирил и Методиј“ во с. Романовце, Куманово и „Христијан
Тодоровски – Карпош“ во с. Драгоманце, Старо Нагоричане и средните училишта „Орде Чопела“
во Прилеп, „Цар Самоил“ во Ресен, „Неготино“ во Врапчиште и „Љупчо Сантов“ во Кочани се
спроведоа многу интересни активности. Од разубавување на училишните дворови, садење на
растенија и уредување на катчиња за дружење до испишување на пораки за мир и цртање
графити, учениците од различни етнички заедници ја покажаа нивната креативност и успеаја да
направат позитивни промени во нивната околина.
Сите овие млади заедно со нивните врсници во текот на годината беа дел од различни
воннаставни активности на далечина, развивајќи ги нивните вештини за иницирање и
планирање активности за подобрување на нивната средина и демократско учество во
училиштата.
Во партнерство со локални организации, училишта и локални заедници, УСАИД во земјава ја
унапредува социјалната инклузија, меѓуетничката хармонија и граѓанските вредности. Преку
Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) се
создаваат можности за интеракција помеѓу учениците од различни етнички заедници и се
поттикнува нивната креативност и младинско учество.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.