Младите да имаат деца, а не да се носат мигранти

Кавга на конференција на ЕУ: Салвини зборувал за наталитет, Луксембург го исмејувал раѓањето на италијански деца.
– Во Владата сум за да се погрижам младите да имаат повеќе деца, како што имале во минатото, а не за да го пресадувам најдоброто од африканската младина во Европа – рекол заменик премиерот на Италија, Матео Салвини.
Тој воедно е и министер за внатрешни работи, а изјавата ја дал на конференција во Виена, на која присуствувал и Жан Аселборн, министер за надворешни работи на Луксембург.Италијанскиот вице-премиер го изразил своето несогласување, како што вели, со оние политичари од ЕУ кои тврдат дека емиграните ни се потребни, затоа што популацијата во Европа е се постара.
– Јас имам сосема раличен поглед, верувам дека сум во Владата за да се погрижам младите да имаат повеќе деца, како што имале во минатото, а не за да го пресадувам најдоброто од африканската младина во Европа.За време на излагањето Аселборн вулгарно го прекинувал Салвинидофрлувајќи – “бла, бла, бла“. Министерот од Луксембург е еден од најекстремните критичари на партиите кои инсистираат на безбедни граници во Европа и повеќе пати им се потсмевал на политичарите кои за себе велат дека сакаат да ги заштитат христијанските корени на Европа.
Салвини му возвратил на Аселборн –“Можеби вие во Луксембург морате да примате мигранти. Ние Италијанците сакаме да им помогнеме на луѓето да имаат повеќе деца, наместо да носиме модерна верзија на робови од Африка, за да ги заменат децата кои ни недостигаат. Порескиот рај не може да и држи лекции на Италија, алудирајќи на тоа дека Луксембург претставува центар на финансиските махинации на политичката елита во Европа.Погледајте го видеото

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.